Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.824 тестови, а регистрирани се 1.409 нови случаи на ковид-19: Скопје – 783, Битола – 76, Куманово – 67, Кавадарци – 55, Тетово – 50, Велес – 45, Прилеп и Гостивар – по 42, Струмица и Неготино – по 30, Гевгелија – 24, Охрид – 21, Штип и Кичево – по 19, Кочани – 14, Ресен – 13, Крива Паланка – 12, Валандово – 11, Радовиш – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 6, Свети Николе, Виница и Демир Капија – по 5, Берово и Богданци – по 4, Дебар и Пробиштип – по 2, Кратово, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.409), наведува МЗ, регистрирани се 206 реинфекции.
„Регистрирани сe 1.455 оздравени пациенти од: Скопје – 298, Битола – 129, Кавадарци – 123, Куманово – 112, Тетово – 98, Гостивар – 77, Велес – 76, Прилеп – 72, Струмица – 51, Валандово – 42, Неготино – 40, Штип – 39, Охрид – 37, Гевгелија – 35, Кичево – 34, Радовиш – 28, Ресен и Крива Паланка – по 21, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Струга – 14, Богданци – 13, Дебар – 12, Делчево – 9, Демир Капија и Демир Хисар – по 8, Виница – 7, Дојран и Крушево – по 3, Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 5 починати лица од Скопје (64, 69, 70, 74 и 81), по 3 лица од Штип (78, 86 и 90) и Охрид (54, 78 и 79), 2 лица од Куманово (75 и 81) и по едно лице од Гостивар (71), Велес (74), Делчево (80), Кочани (77) и Неготино (81). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Куманово (3), Скопје (3), Струмица (3) и Берово (1).
Починатите се на возраст од 40 до 89 години. Од пријавените лица 4 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 – 07.02.2022г. Од вкупниот број на починати лица (n=28), 17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети“, наведено е во соопштението.
Досега во земјата се направени вкупно 1.834.588 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 283.547, бројот на оздравени пациенти е 263.196, на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)