Здравко Чолиќ со децении важи за еден од најуспешните и најомилени пејачи во регионот. Неговата музика и неговата популарност е константна, иако славниот пејач никогаш не бил „извор“ скандали.
Деновиве на Инстаграм се појави фотографија на која се гледа како легендарниот пејач седи во авион и „се буди“ со шише вино пред него.
Фотографијата стана хит на социјалните мрежи и има многу забавни коментари.
„Па, добро, така се чувсвува во моментот. Сите ние понекогаш сме Здравко“ – гласи еден од коментарите.
„Шмекер, нека ни е жив и здрав“ , „Чола не ми го чепкајте“ – се надоврзуваат други.