More

    Принцот Хари ќе мора да оди на суд

    spot_img

    Тужбата за клевета на принцот Хари против весникот „Mail on Sunday“, поради напис за неговото лично обезбедување ќе оди на суд, соопшти лондонскиот суд, отфрлајќи го барањето на Хари да не се разгледува одбраната на издавачот.

    Помладиот син на кралот Чарлс III минатата година го тужеше „Associated Newspapers“ поради написот во кој се тврди дека тој се обидел да го задржи во тајност правниот спор со британската влада за полициската заштита што заврши откако тој се повлече од кралските должности во 2020 година.

    Весникот во својата сторија го обвинува Хари дека се обидел да ја заведе јавноста дека е подготвен сам да плати за неговото лично обезбедување.

    Хари побара од судот да не ја разгледува одбраната на весникот, но судијата пресуди поинаку и дозволи овој процес да заврши на суд.

    „Тужбата на војводата од Сасекс сега ќе ги помине преостанатите фази од предистражниот процес и судењето во 2024 година“, се наведува во резимето на одлуката на судот, наведуваат светските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img