Телеком Србија, телекомуникациската компанија која важи за лидер во својата индустрија во регионот, а во Македонија е присутна преку телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, од 2018 година одлучи да го прошири своето делување и така на своите корисници да им понуди многу повеќе од само телекомуникациски услуги. Во изминативе неколку години љубителите на квалитетната кинематографија во регионот, но и пошироко уживаат во филмови и серии кои не само што го постигнуваат светскиот квалитет на продукција, туку и наметнуваат нови стандарди. Сериите во продукција на Телеком Србија во моментов се гледаат дури на пет континенти во светот.
Досега Телеком Србија има продуцирано повеќе од 55 наслови на серии и филмови со околу 90 сезони, а во фаза на реализација се уште 15 сезони/серии.
Компанијата има сериозни и амбициозни планови и за во иднина, потврдени и со неодамна договорената соработка со Амазон Прајм Видео и шпанската РТВЕ за заедничка продукција на нова серија насловена „Лузна“.
– Ова е уште еден доказ дека Телеком Србија со своето вложување во продукција на играна содржина во целост ги менува достигнувањата на кинематографијата во регионот. Во делот на продукцијата нашата компанија им конкурира на светските стандарди и затоа оваа година ќе биде особено значајна за нас, бидејќи сме насочени кон понатамошна интернационализација на содржината, при што првата една таква соработка ќе биде остварена со продукцијата „Амазон Прајм Видео“ во реализација на проектот „Лузна“ – велат од компанијата.
Соработката беше потврдена при неодамнешниот настап на Телеком Србија на прочуениот МИПКОМ во Кан, најголемиот светски собир на менаџери од ТВ и индустријата за забава. Серијата „Лузна“ (Scar) ќе се снима во копродукција на српска, шпанска и мексиканска продукциска куќа, а екипата која стои зад серијата е добро позната и има добиено повеќе награди. Од писателите Пабло Роа, Фернандо Санкристобал и Вероника Марза, тимот кој стои зад некои од најнаградуваните проекти како што се „Куќата од хартија“ (La Casa de Papel), „Играчка“ (Toy Boy) и „Ѓавол“ (Diablero), пристигнува драма од осум епизоди што ќе се снимаат во Србија и Шпанија кон крајот на годината, а во режија на Мигел Анхел Вивас, кој зад себе има неколку големи остварувања како „Куќа од хартија“, „Виз-а-ви“ и „Изумирање“.