Вдовицата на Евгениј Пригожин, поранешниот шеф на руската платеничка група Вагнер кој минатиот месец загина во авионската несреќа во Русија, официјално го сменила презимето.
Рускиот медиум Фонтанка објави дека вдовицата на Пригожин сега се вика Лубов Валентиновна Крјажева. Нема информации кога е сменето презимето. Фонтанка наведува дека тоа е всушност моминското презиме на вдовицата на Пригожин.
Поранешниот водач на Вагнер со Љубов има три деца, еден син и две ќерки, но не се знае дали и тие го смениле презимето. Вдовицата на Пригожин по професија е фармацевтка, но се занимава со бизнис.
Таа управува со компанијата Agat LLC, подружница на Concord Management and Consulting LLC, компанија која беше во сопственост на поранешниот шеф на Вагнер.
На 23 август годинава Пригожин загина во авионска несреќа во Тверската област во Русија. Во несреќата смртно настрадаа сите 10 патници во авионот
Два месеци пред падот на авионот, Пригожин започна краткотраен бунт против режимот на Владимир Путин.