More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 11.09.2023

    spot_img

    На 10.09.2023 во 23.40 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.        На 10.09.2023 во 16.50 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(20) од Дебар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.         На 10.09.2023 во 11.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Б.(46) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.        На 10.09.2023 во 16.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.                                  

    На 10.09.2023 во 15.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода О.Г.(21) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ поради сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.   

    Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 216 возачи, од  кои 152 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 43 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 16 за управување возило без возачка дозвола и  5 за нерегистрирано возило. 

    Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (10.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 51 мерка за возење повеќе од дозволената брзина , 19 мерки за возење без возачка дозвола, 15 возачи за управување под дејство на алкохол. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење,  четири санкции за непрописно престигнување….

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за возење под дејство на алкохол… 

    На 10.09.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 27 прекршоци, од кои 20 надвор од населено место и 7 во населено место. Санкционирани биле и 24 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 2 за возач почетник, 2 за нерегистрирано возило,  4 за управување возило под дејство на алкохол, 4 за некористење сигурносен појас, 3 за неносење заштитна кацига и 2 за непрописно паркирање. 

    На 10.09.2023 околу 13.50 часот во тетовската Клиничка болница бил донесен починат Ф.М.(22) од тетовски Порој. Според утврденото во увидот, Ф.М. со уште четири други лица од истото село се превезувале со трактор „имт 539“ со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал. На земјен пат во месноста „Плоче“ во атарот на Порој, тој изгубил контрола, по што тракторот се превртел, а од здобиените повреди Ф.М. починал на местото, а со повреди се здобил и еден малолетник кој, исто така, бил на тракторот. Увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба телото на Ф.М. било дадено на обдукција. 

    На 10.09.2023 во 07.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Младо Нагоричане-Граничен премин Пелинце, во атар на с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(24) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(20) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

    На 10.09.2023 во 18.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар, патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Е.М.(22) од с.Балиндол-гостиварско, удрило во Х.Н.(18) од Гостивар, а потоа во ограда и куќа на истата улица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешакот и сопатникот од возилото В.Ќ.(28) од Гостивар, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.  

    На 10.09.2023 во 20.40 часот во Полициската станица Драчево, А.М.(60) од Скопје пријавила дека во с.Студеничани, скопско, била касната од куче скитник.  

    Вчера (10.09.2023) во 10.35 часот, А.Ќ.(41) од тетовско Пршовце, во СВР Тетово пријавил дека неговиот малолетен син во тетовско Глоѓи бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img