More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 11.08.2023

    spot_img

    На 10.08.2023 во 23.30 часот од страна на полициски службеници на граничната полиција од Регионалниот центар Југ, во близина на местото викано Вршник Бара, непосредно покрај граничната линија со Република Грција, биле забележани две лица кои од територија на Република Северна Македонија исфрлиле две торби преку жичаната ограда на грчка територија, а потоа и самите ја преминале граничната линија. Поради сомнение дека во торбите се пренесува марихуана, од страна на Регионалниот центар Југ во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, известени се Службата за дрога со седиште во Килкиз и грчката гранична полиција и како резултат на заедничките и координирани активности на полициските службеници од двете земји за кусо време се пронајдени двете торби во кои биле сместени околу 40 килограми марихуана, а малку подоцна се лишени од слобода се В.Х.(36) и Е.Џ.(52), двајцата државјани на Република Албанија. Двете лица од страна на грчката полиција се задржани за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Денеска (11.08.2023) на ул.„Партизанска“ во Битола, од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола, приведен е Б.С.(36) од Битола. За него била издадена наредба од Основен суд Кичево со која се барал за издржување казна затвор во траење од две години и пет месеци. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола.

    На 10.08.2023 полициски службеници од СВР Велес, по претходно добиена наредба од Основен суд Велес, извршиле претрес во домовите на три лица во Велес. При претресот кај З.Ј. (50) од Велес се пронајдени и одземени две саксии со садници канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, едно пакување со опиум, едно пакување со амфетамин и дигитална вага. При претресот кај Д.Ј. се пронајдени и одземени марихуана и поголем износ на пари, додека кај З.Ј. (26), двајцата од Велес, се пронајдени и одземени саксија канабис сатива и марихуана. Лицата се приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    На 10.08.2023 околу 14 часот во Скопје полициски службеници од ПС Кисела Вода го привеле Б.Е.Г. (60) од Петрич, Република Бугарија поради сторено кривично дело „давање поткуп“ по чл.358 од КЗ. Имено, Б.Е.Г. бил сопрен од полициските службеници откако сторил сообраќаен прекршок односно со товарно моторно возило „ивеко“ поминал на црвено светло на семафор, а откако полициските службеници му ја побарале сообраќајната дозвола и му укажале дека ќе му биде изречена глоба, Б.Е.Г. во сообраќајната дозвола ставил пари (евра) и рекол дека тоа го направил за да се почестат за да не му изречат глоба. Полициските службеници веднаш го лишиле од слобода Б.Е.Г. за сторено кривично дело „давање поткуп“ по чл.358 од КЗ. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против Б.Е.Г. до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

    На 10.08.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во близина на с.Раштани ги лишиле од слобода К.З.(34), Б.С.К.(36), З.Н.(38), сите од Битола. Имено, при извршен преглед кај К.З. била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 10.08.2023 во 13.20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.К (40) од Велес, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“. Имено, истиот ден на ул.„Илинденска“ во Велес тој физички ја нападнал М.М (76) од Велес, при што ѝ одзел паричник со пари. Лицето е приведено во Полициската станица Велес, а одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

    На 10.08.2023 во 10.30 часот на улица „176“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.К.(31) од Тетово, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок.

    Синоќа (10.08.2023) во 22.45 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.Т.(18) од Гостивар, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 10.08.2023 во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода О.Ц. (43) од Куманово. Таа се сомничи дека истиот ден од црква на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово одзела пари. О.Ц. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

    Вчера (10.08.2023) во 16.15 часот полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 15-годишник од Тетово, кај кого била пронајдена и одземена марихуана. Малолетникот е задржан во полициска станица и во присуство на неговиот родител и службено лице од Центарот за социјални работи-Тетово, бил извршен службен разговор, а по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

    На 10.08.2023 на Граничниот премин Аеродром „Св.Апостол Павле“ – Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода С.А.(22) и Д.Е.(33), двајцата од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Од страна на судија од Основен суд Охрид на С.А. одредена му била мерка притвор.

    На 10.08.2023 во 20.15 часот на Граничниот премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.С.(28) од Р.Албанија, затоа што при извршена проверка било констатирано било дека во службената евиденција е со мерка „апси“ на барање на Интерпол-Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.

    Во текот на вчерашниот ден (10.08.2023) во периодот од 08.00 до 12.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 400 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се седум возачи за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци, а шест возила биле со неисправен уред за сопирање, 17 санкции се изречени за бесправно управување на возилото, шест за возење без возачка дозвола… На вонреден технички преглед биле упатени 62 возила, а кај 11 биле констатирани технички неисправности.

    На 10.08.2023 во 08,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(58) од с.Алдинци, скопско и патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, управувано од Ж.Т.(34) од Берово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „бмв“, С.М.(56) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот Н.Ј. и уште еден сопатник од возилото „бмв“, М.М.(61) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 09.08.2023 во 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Московска“ во Скопје, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од с.Бардовци, скопско, удрило во С.Н.(83) од Скопје. Во несреќата С.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    Во текот на вчерашниот ден (10.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 336 возачи. Од нив, 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 179 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место.

    На 09.08.2023 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„808“, ул.„15 корпус“ и бул.„Киро Глигоров“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(57) од Скопје и електричен тротинет управуван од В.Т.(28) од Скопје. Во несреќата возачот на тротинетот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 09.08.2023 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(58) од Скопје, удрило во М.К.(52) од Струмица. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 261 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за возење под дејство на алкохол…

    На 10.08.2023 во 09.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница-Дебар, помеѓу селата Ростуше и Жировница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачија“ со српски национални ознаки, управувано од В.И.(37) од Р.Србија и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(43) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобил еден сопатник од возилото „мерцедес“, Б.М.(26) од Скопје, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

    Вчера (10.08.2023) во 12.10 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница-Дебар, во близина на бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од Р.Б.(32) од Гостивар и патничко возило „шевролет“, управувано од С.С.(63) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „шевролет“, Е.Џ., додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште три сопатници, констатирани во Медицински центар-Гостивар. По овластување на Јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

    Вчера (10.08.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 89 возачи. Од вкупно 89 возачи, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

    На 10.08.2023 во 12.40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крак А-3, Битола-државна граница со Р.Грција, во с.Кравари, патничко возило „пежо 205“ со француски национални ознаки, управувано од M.В.O.Ц.(22) од Р.Франција, излетало од коловозот и удрило во столб. Во несреќата, сопатничката M.П.П.М.(25) се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и сопатничката M.M.Б.(23), сите од Р.Франција, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот изврши увидна екипа на СВР Битола.

    На 10.08.2023 во 16.25 часот во Полициската станица Центар, Р.С.(47) од Скопје пријавил дека во Градскиот трговски центар бил каснат од куче скитник.

    На 10.08.2023 во 13.50 часот во Полициската станица Аеродром, И.С.(20) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

    На 10.08.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Карпош, С.С.(73) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img