Зошто презадолжената Општина Тетово ангажирала толку многу луѓе?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За тоа како функционираат општините под власта на ДУИ и СДСМ показател е последниот случај со општина Тетово. Општина Тетово во 2021 година под раководство на Теута Арифи од ДУИ/СДСМ, склучила дури 811 договори на дело. Веројатно  олку голем број вака ангажирани лица нема ни во Берлин или Париз, ама затоа една од најзадолжените општини во Македонија ангажирала лица под договор на дело и покрај тоа што во општината има превработеност, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Општината Тетово наместо за проекти во интерес на граѓаните одвојувала месечно по 5000 до 25.000 денари по човек, за кои нема информација какви ангажмани имале. Во исто време кога во Тетово нема вода, кога не се собира сметот, кога нема асфалтирање на улици, изградби на градинки и училишта да се трошат милиони годишно за спорни договори на дело е крајно недомаќински и неодговорно“, посочија од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека партиите што ја сочинуваат владината коалиција, општинските буџети ги гледаат само како средство за задоволување на партиските интереси.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply