More

    ЏОРЏ КЛУНИ ПОВИКУВА „ДА СЕ УБИЕ ВИРУСОТ ВАГНЕР“

    spot_img

    Џорџ Клуни, холивудски актер, режисер и основач на Фондација за човекови правда, го повикува  светот, особено западот, како свој приоритет да ја постави истрагата за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени од војниците на руската приватна воена група „Вагнер“.

    Клуни смета дека мора „да се убие вирусот Вагнер“. Сепак, тој е загрижен дека иднината на криминалната руска вооружена група останува нејасна, бидејќи местото и статусот на оваа група, па и на самиот Евгениј Пригожин се „обвиени во тајност“.

    Она што е јасно е дека „Вагнер“ беше една од најуспешните руски надворешнополитички иницијативи во изминатата деценија. Групата ѝ овозможи на Русија да го прошири своето влијание врз нестабилните држави, особено во Африка, унапредувајќи ги сопствените економски интереси, често преку насилни средства. Нестабилноста на „Вагнер “во овој момент им нуди на Америка и на пошироката меѓународна заедница можност да се соочат со нив„ – пишува Клуни во колумна за „Економист“.

    Актерот нагласи дека методите на „Вагнер“ може најцелосно да се видат во Централноафриканска Република.

    Вагнер создаде прирачник, користејќи брутално едноставна размена: заштита на режимот во замена за концесии за минерали. „Вагнер“ му помогна на претседателот на земјата Фаустин-Аршанге Туадера, да регрутира, обучи и опреми паралелна армија посветена на заштита на неговиот проруски режим и сузбивање на опозицијата“.

    Тој нагласи дека борците од Вагнер имаат „дозвола за грабеж“, користат терор за приватизација и исцрпување на рудното богатство на земјата.

    Клуни наведува факти од истрагата на „Сентри“, организација која тој ја основал, според која стратегијата на „Вагнер“ е да не остава сведоци „со убивање очевидци и цивили, вклучувајќи жени и деца“.

    Експертските иследници интервјуираа војници и милиции од Централноафриканската република од командниот синџир на „Вагнер“, кои рекоа дека биле обучувани да измачуваат – да сечат раце и нозе, да вадат клинци, да дават живи луѓе“, пишува Клуни.

    Според актерот, „Вагнер“ ѝ служи на руската стратешка цел: поткопување на демократијата во Африка.

    Без разлика дали ќе го задржи или смени името, или дали ќе се спои со некоја друга приватна руска армија или со државни институции, „Вагнер“ останува профитабилен начин Русија да го прошири своето влијание. Аранжманите на групата се премногу профитабилни за Русија и нејзините авторитарни сојузници да ги променат“, нагласи актерот.

    Тој смета дека сега е вистинското време САД и меѓународната заедница да преземат акција против „Вагнер“ и неговиот поттикнувач.

    Америка, Европската Унија и другите сојузници треба да се фокусираат на тоа да го земат „Вагнер“ на финансиска и правна одговорност“ – порачува Клуни, додавајќи дека „меѓународната заедница исто така треба да даде приоритет на истрагата и гонењето на најодговорните за воените злосторства и злосторствата против човештвото, без разлика дали се работи за персоналот на „Вагнер“ или режимските водачи и локалните воени лидери во сојуз со оваа формација“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img