Царинската управа на Фејсбук објави што можат граѓаните да внесат и да изнесат од државата.
ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПРЕРАБОТКИ ОД ТУТУН
• 200 ЦИГАРИ
• 100 ЦИГАРОЛОСИ
• 50 ПУРИ
• 250 гр. ТУТУН
ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ
• 2 ЛИТРИ АЛКОХОЛ ДО 22%
• 1 ЛИТАР АЛКОХОЛ НАД 22%
ДОЗВОЛЕН ВНЕС И ИЗНЕС НА ПАРИ ВО ГОТОВИНА
• ПРИ ИЗЛЕЗ ДО 2.000 €
ИЗНОСОТ ОД 2-10.000 € ТРЕБА ДА ГО ПРИЈАВИТЕ И ДА ПРИЛОЖИТЕ ДОКАЗ ЗА ПОТЕКЛО ОД БАНКА ИЛИ МЕНУВАЧНИЦА
• ПРИ ВЛЕЗ ДО 10.000 €
СЕКОЈ ИЗНОС НАД 10.000 € ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВИ
ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПАРФЕМИ
• ПАРФЕМИ ДО 50 МИЛИЛИТРИ
• ТОАЛЕТНА ВОДА ДО 250 МИЛИЛИТРИ
ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА СТОКА ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА
СТОКАТА* КОЈА ЈА ВНЕСУВАТЕ ОД СТРАНСТВО ВО ВРЕДНОСТ
ДО 350 € Е ОСЛОБОДЕНА ОД ПЛАЌАЊЕ НА УВОЗНИ ДАВАЧКИ, ДОКОЛКУ ИСТАТА Е ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА
* (со исклучок на алкохолни пијалоци, преработки од тутун, парфеми и тоалетна вода)
ПРЕНОС НА МИЛЕНИЦИ
ЗА СЕКОЈ ДОМАШЕН МИЛЕНИК СОПСТВЕНИКОТ ТРЕБА ДА ИМА:
• ПАСОШ
• ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ