More

    „Flightradar“ собори нов рекорд: Погледнете колку авиони имаше минатата недела на небото

    spot_img

    Интернет сервисот „Flightradar“ кој служи за следење на авионите во реално време преку нивните транспондери ADS-B, се пофали со рекордот.

    Имено, минатиот четврток тие следеле вкупно 251.829 летови, што е првпат да забележат повеќе од 250.000 летови во еден ден.

    Бидејќи на северната хемисфера започна летната туристичка сезона, се очекува наскоро овој рекорд повторно да биде соборен.

    Голем број твитерџии кои ја виделе објавата на „Flightradar“ забележале „дупка“ на територијата на Украина, каде поради воени операции нема прелети на цивилни авиони.

    Украина целосно го затвори својот воздушен простор за цивилни авиони на 24 февруари 2022 година, денот кога започна нападот на Русија, а повремено се зборуваше во јавноста дека некои цивилни летови може да бидат обновени, што не се случи.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img