Стапката на непланирана бременост кај адолесцентите во земјава е 11 %
и претставува една од највисоките во Европа. Дополнително, стапката на малолетнички
породувања е 15,7 на 1.000, што е речиси трипати повеќе од просекот од 6 на 1.000 породувања
за земјите од Европската Унија. Најголем број меѓу малолетните мајки се Ромки, а сепак пристапот
до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје им е ограничен.
Ова се дел од информациите што беа споделени на овонеделната дебата „Колку се младите мајки, а особено Ромките, препознаени и услужени од системот на здравствена и социјална заштита“ во
организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.