Командирот на Полициската станица од општа надлежност во Охрид, Сашо Дончевски станал лице од посебен државен, но и криминален интерес! Откако Охридскај обзнани дека Дончевски по трет пат од Совет на Општина Охрид не го изгласало извештајот за работењето на Полициската станица од општа надлежност Охрид со која раководи Дончевски, по социјалните мрежи има мноштво коментари главно од лица од криминалното подземје кои му даваат поддршка на Дончевски!
Но, како што Охридскај објави: „Командирот на ПС Охрид Сашо Дончевски по трет пат доби „Црвен картон“ од Совет на Општина Охрид“. Во Охрид се одвивале вистински криминално-полициски притисоци врз советниците во Совет на Општина Охрид кои требало да гласаат позитивно за извештајот на работењето на ПС од ОН Охрид!
Редакцијата на Охридскај стигна до нови полициско-криминални пикантерии кои претходеле на гласањето во Совет на Општина Охрид, кои ги објавуваме редоследно:
1.Два дена пред седницата на Совет на Општина Охрид каде на дневен ред било и гласањето за извештајот за сработеното на ПС од ОН Охрид претседателката на ОО СДСМ Охрид Кристина Крлевска Деспотовска одржала координативен состанок со првите лица на СВР Охрид од кои побарала да се дисциплинираат одредени советници во Совет на Општина Охрид, но со акцент на советникот од независната листа „Охрид има План Б“ и советникот Арбен Демировски Бено.
За дисциплинирањето на советникот од независната листа „Охрид има План Б“ бил задолжен еден од началниците на СВР Охрид кој на денот на гласањето во раните утрински часови остварил средба со советникот во неговиот кафе-бар во центарот на Охрид додека за вториот советник задолжение добил Зоран Милевски-Кичеец. На овој начин со притисок СДСМ добила два фиксови како сигурни гласови во Совет на Општина Охрид.
ПОЛИЦИСКИ КРИМИНАЛЕН ПРИТИСОК ЗА СПАС НА КРИМИНАЛЕН КОМАНДИР ИСПАДНАЛ КРИМИНАЛЕН СМУТОК!
Но дека секаде не успева домашниот есап на претседателката на ОО СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотовска и дека понекогаш долга коса има краток памет, доволен е фактот дека Крлевска Деспотовска не успеала да се искоординира со советниците во Совет на Општина Охрид и да им укаже дека на седницата која има над 130 точки на дневен ред е и точката за усвојување на извештајот за работењето на ПС од ОН Охрид кој ќе го презентира командирот Сашо Дончевски, а кој веќе во два наврати не се усвојува…
СОВЕТНИКОТ НАУМЧЕ ЈОВАНОСКИ ЧАКАР МУ СЕ СПИЈАЛО НЕ ЗНАЕЛ ЗА ТОЧКАТА НА ДНЕВЕН РЕД!
Кога веќе се извршил притисок врз советниците од независната листа „Охрид има План Б“ и Арбен Демиросвки Бено, командирот Сашо Дончевски, како паун седнал веднаш до советникот на независната листа „Охрид има План Б“ демонстрирајќи моќ и надменост, мислејќи дека сега по трет пат ќе успее да го протурка извештајот за работењето како што „претседателката“ Крлевска Деспотовска ги убедувала дека имаат обебзедено мнозинство од 13 гласови!
Но после 15 минути од почеток на седницата на советот советничката сала ја напушта советникот од редовите на СДСМ Наумче Јованоски-Чакар зашто бил уморен му се спиело, но останале уште 12 советници кој биле наводни фиксови, меѓу кои и советничката од „Левица“ која исто така била предмет на криминална обработка и која наводно ветила дека ќе гласа за извештајот!
Но самиот чин на гласање протекува со 11 гласови ЗА, но командирот не разбрал дека треба да има мнозинство и дека треба да има најмалку 12 гласови и цел среќен си заминува од салата на Совет на Општина Охрид! Советничката од „Левица“ не гласала за извештајот, по што извештајот трет пат не го одобрува советот на Општина Охрид!
„СРЕЌЕН КОМАНДАНТ“ – КОГА ТИ РЕКОВ ЌЕ ГЛАСА „ПЛАН Б“ И ОРО ЌЕ ИГРА. ЕЈ НЕ СЕ РАДУВАЈ НЕ ТИ ПОМИНА ИЗВЕШТАЈОТ!!!
Командирот сиот во наплив на среќа надвор се среќава со советникот Арбен Демировски-Бено и целиот среќен му се обраќа: „Абе ти реков дека „План Б“ ќе гласа и оро ќе игра и ќе помине изизвештајот… Абе тој гласа ама тебе извештајот не ти помина, немаше мнозинство. Командирот Дончевски: Како бе не помина 11 беа ЗА. Демировски: Беа ама ти требаа 12, а не 11…
Дончевски сиот бесен започнал да врти по телефони и да се жали дека повторно го наместиле…
КРИМИНАЛНА СТАНИЦА КРИМИНАЛЕН КОМАНДИР!
Факт е дека работењето на командирот на ПС од ОН Охрид Дончевски веќе четири години е проследено со криминални скандали.
Од кражба на полициски магацини, дивеење на полициски службеници низ ноќните клубови, заштита на рибокрадците, заштита на дрвокрадците, перманентна заштита на нарко-дилерите во Охрид, приватно обезбедување на ноќни клубови кои немаат лиценци за работа, обезбедување на коцкарници, се само дел од противзаконските дејствија на полициски службеници од ПС од ОН Охрид. И самиот Дончевски противправно доградил станови на станбена зграда во Охрид за што немал одобрение за градба, но изградил и гаражи на државно земјиште, а ваквиот криминал поминува затоа што тој бил Командир на Полициска станица во Охрид, нели е малку криминално глупаво?
Продолжува…