More

    Бајден и Фон дер Лајен: Избегнување на штетна конкуренција во енергетската транзиција

    spot_img

    Американскиот претседател Џозеф Бајден и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ветија во петокот вечерта во Вашингтон дека ќе избегнат „штетна конкуренција во трката за енергетска транзиција“, како и дека ќе започнат преговори за договор за употреба на метали важни за производство на акумулатори за електрични возила.а во врска со тоа и за финансиски стимулации од двете страни.

    По средбата, Бајден и фон дер Лајен објавија дека се согласиле да започнат преговори за користење на европските минерали клучни за производство на батерии за електрични возила кои се подобни за даночни олеснувања во САД. Двете страни се согласија да разговараат за олеснување на разликите меѓу САД и ЕУ во однос на субвенциите за електрични возила опфатени со законот за чиста енергија што беше усвоен минатата година.

    Станува збор за американскиот закон за намалување на инфлацијата (ИРА) кој Бајден го потпиша минатата година и чија цел е со фонд од речиси 400 милијарди долари да ги ублажи последиците од климатските промени, пред се преку зелена транзиција во производството на електрична енергија и во автомобилската индустрија.

    Законот предвидува инвестирање милијарди долари во домашното производство на енергија со истовремено намалување на емисиите на стакленички гасови, но ЕУ стравува дека тоа ќе и наштети на нејзината економија. Истовремено, законот овозможува огромни државни стимулации за американските компании, како и компаниите кои произведуваат во САД или користат американски производи.

    По средбата со Бајден, Фон дер Лајен рече дека договорот, доколку се постигне, ќе доведе до тоа суровината од ЕУ да се третира како да е од самите САД.

    Во заедничката изјава објавена на крајот од средбата, двајцата ветија дека „веднаш ќе започнат преговори со цел постигнување целен договор за стратешките метали“ за енергетската транзиција.

    Разговорите треба да ги смират разликите меѓу САД и ЕУ околу даночните олеснувања за електричните возила вклучени во Законот за чиста енергија на Бајден.

    „Важно е од двете страни на Атлантикот да знаат какви стимулации и се даваат на чистата технологија за да се осигураме дека ги здружуваме силите за да ја поттикнеме таа индустрија. Ова е клучно и од големо значење за постигнување кружна економија и економија со нулта емисија на штетни гасови“, изјави Фон дер Лајен.

    Пред почетокот на средбата, Бајден потсети дека на соговорникот му ветил нова ера во трансатлантските односи кои беа нарушени во времето на неговиот претходник Доналд Трамп и го пофали нивното единство во однос на руската инвазија на Украина.

    Фон дер Лајен рече дека САД и ЕУ се „добри пријатели“ и изрази благодарност за американската помош во намалувањето; Европската зависност од рускиот гас.

    Во заедничкото соопштение се наведува дека двете страни се заедно за поддршка на Украина „колку што е потребно“.

    Фон дер Лајен рече дека разговарале за санкциите против Русија, нивното спроведување и како да се избегне нивно заобиколување.

    Забележливо е дека од синоќешните официјални изјави не се споменуваше Кина. Во време кога САД отворено го обвинуваат Пекинг дека планира да обезбеди воена помош за Русија, Вашингтон сака да ја убеди ЕУ да усвои построг став кон Кина.

    Заедничката изјава на Бајден и Урсула фон дер Лајен, сепак, содржи алузија на Кина. Двајцата лидери изразуваат загриженост за предизвиците, кои, меѓу другото, претставуваат политики со економски притисоци, инструментализација на економската зависност и неконкурентни економски политики, кои редовно му се припишуваат на Пекинг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img