Венеција, Валенсија и Барселона годинава воведуваат нови туристички даноци, што од туристичките организации се оценува како потег кој ќе ѝ наштети на туристичката индустрија, објави Еуроактив.
Воведувањето на туристичката такса во овие туристички градови се смета како обид да се ограничи „прекумерниот туризам“.
Воведувањето на новата стапка, наречена Европски систем за информации и овластување за патување (ETIAS), ќе важи за оние кои ќе ја посетат Шенген зоната од ноември годинава.
Сите туристи од земјите кои не се членки на ЕУ ќе треба да платат 7 евра за безвизен влез – и тоа ќе треба да се обновува на секои 3 години.
Се поголем број шпански региони наплаќаат и за секоја ноќ помината во хотелско сместување, додека Валенсија ќе воведе сосема нова туристичка такса на крајот на годината.
Во Барселона, главниот град на Каталонија, веќе постои такса за посетители, но таа ќе се зголеми оваа година.
И други градови низ Европа веќе имаат ноќен данок за посетители, како Прага, Берлин, Хамбург, Будимпешта и Амстердам.