More

    Шефот на израелската воена разузнавачка агенција, Генерал-мајор Ахарон Халива, поднесе оставка

    spot_img

    Шефот на израелската воена разузнавачка агенција, Генерал-мајор Ахарон Халива, поднесе оставка поради „неуспехот за време на нападот на Хамас на 7 октомври“, објави британски Гардијан.

    Ахарон Халива стана првиот висок функционер кој се повлече поради неговата улога во најсмртоносниот напад во историјата на Израел. Тој во октомври рече дека е виновен што не успеал да го спречи нападот на Хамас што ја уништи одбраната на Израел.

    – Тоа утро сфатив дека е готово. Кога војната ќе заврши, морам да заминам – рече тој веднаш по 7 октомври.

    Оставката беше објавена пред копнената операција со висок ризик во Рафах, за која Израел верува дека е последното упориште на Хамас во Појасот Газа.

    Одлуката е донесена во услови на тензии меѓу Израел и Иран по серијата напади.

    Генералот Халива служеше во Израелски одбранбени сили (ИДФ) 38 години. Тој доби благодорност за придонесот „како војник и командант на безбедноста на земјата“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img