Јавно извинување до ЈСП Скопје

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ЈСП Скопје упати допис до Редакцијата на Плусинфо, во кој бара јавно извинување и повлекување на текстот со наслов „ГРАЃАНИТЕ ДРЕМАТ СО ЧАСОВИ НА АВТОБУСКИТЕ, АВТОБУСИТЕ ЛЕЖАТ СО МЕСЕЦИ НА ТРУПЦИ ВО ГАРАЖИТЕ Нема гуми, нема сијалици, нема вработени – нема што нема во ЈСП Скопје“ објавен на ден 22.12.22023 година.

Причините за ова барање се образложени во дописот што го објавуваме во целина.

Редакцијата на Плусинфо упатува на фактот дека во оспорениот напис е објавен демант и е застапена втората страна. Ние сметаме дека нема основа за оспорување согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, бидејќи отсуствува клучниот елемент на овие казниви дела – намерата да се омаловажи и нанесе штета.

Овој и сите други написи поврзани со јавниот превоз во Скопје се креирани и објавени на порталот Плусинфо со намера да се заштити јавниот интерес. При тоа, објавени се многу факти кои укажуваат на причините зошто скопјани имаат неквалитетен јавен превоз, кој не ги задоволува во целост нивните потреби. Во таа смисла, репортерот и уредништвото на Плусинфо никогаш не биле водени од намерата да се наклеветат субјектите одговорни за јавниот превоз во главниот град.

Како и да е, поради убеденоста на ЈСП Скопје дека во спорниот напис се пласирани злонамерни наводи, но и поради објективната можност некои информации да се плод на изјави и наводи мотивирани од жестокоста на полемиките покренати во јавноста на оваа тема и при тоа да не е целосно проверена нивната автентичност и точност, Редакцијата на Плусинфо, без да навлегува во било каква расправа со авторот на дописот, го повлекува оспорениот напис и се извинува за евентуалните неточности изнесени во овој напис.

Во продолжение, целиот допис од ЈСП Скопје:

Share This Article