More

    Кремљ ни по осум часа досега не понуди докази дека Украина го срушила рускиот воен авион Иљушин ИЛ-76 над селото Јаблоново близу Белгород

    spot_img

    Кремљ ни по осум часа досега не понуди докази дека Украина го срушила рускиот воен авион Иљушин ИЛ-76 над селото Јаблоново близу Белгород, пишува Би-Би-Си. Од друга страна украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди Москва да не си игра со судбината на украинските затвореници и рече дека ќе побара меѓународна истрага.

    Никој не преживеа во авионот кој пренесуваше 65 украински затвореници за размена. Додека Киев и Москва водат војна со информации, ова се општите фактите кои досега се познати за уривањето. Москва исто така тврди дека вкупниот број на патници во авионот бил 74 од кои 65 биле затвореници.

    Позната е снимката на уривањето која се прошири по социјалните мрежи. Потоа и двете страни известија дека авионот превезувал украински затвореници за размена. Првите информации излегоа на руските телевизии и медиуми, а потоа на украинските.

    Според руските власти, друг авион со дополнителни 80 украински заробеници исто така бил во воздух во моментот на инцидентот. По падот на првиот авион, вториот авион бил пренасочен, изјави рускиот пратеник Андреј Картаполов.

    Дали Киев премолчено ја призна вината за соборувањето на авионот? Интересно е дека веб-порталот „Украинска правда“ цитираше извор од вооружените сили дека уривањето на авионот е „нивна работа“ и дека авионот носел руски ракети С-300. Со други зборови постигнале успех. Тоа подоцна беше поправено, а беше соопштено дека изворот не бил потврден.

    Претставникот на Украинската разузнавачка служба, Андреј Јусов, исто така ја потврди закажаната размена на затвореници која требало да се случи следниот ден, додека Украинскиот координативен штаб за прашања во врска со воените заробеници беше воздржан и само изјави дека ги „собира и анализира сите потребни информации“.

    Би-Би-Си пишува дека се смета дека Русија обично обезбедува инфомации за рутата и транспортот што треба да се користи за размена на сопствените авиони, за да се увери дека небото е безбедно за летање. Сепак, нема повеќе информации околу ова.

    Москва обвинува за терористички акт и го обвини Киев за соборувањето на авионот. Рускиот министер за надворешни работи Лавров, изјави дека побарале итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, но Франција која претседава со Советот го отфрли барањето.

    – Штом се дозна дека ова е лет со кој се превезуваат воени заробеници за размена, украинската пропаганда веднаш почна да брише извештаи и се обидува да дојде до некои други објаснувања. Поради оваа причина, инсистираме да се свика состанок на Советот за безбедност на кој украинската страна би можела да каже како се случило сево ова – Лавров.

    Белата куќа соопшти дека не може да ги потврди извештаите за причината за падот на рускиот воен транспортен авион.

    Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев рече дека уривањето на авионот е дело на „неонацистичките елити на Киев“ и дека во иднина „ќе биде полошо, ќе палат старци и деца“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img