Речиси 60 отсто од анкетираните македонски граѓани одговориле негативно на прашањето дали Македонија се движи во позитивна или негативна насока. Најголема одговорност за состојбата во земјата, испитаниците ја лоцираат во Владата и во капацитетот на владејачките партии (61,2%).Резултатот на ова е двојната предност на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, сo 18,6% спрема 9,4%, покажува истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн.