More

    18 килограми кокаин во замрзнати ракчиња се обиделе да прошверцуваат во САД

    spot_img

    Вработени во американската царинска служба на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк во петокот уапсија 22-годишен шверцер кој се обидел да прошверцува повеќе од 18 килограми кокаин скриен во пакувања со големи замрзнати ракчиња.

    Захари Скот е американски државјанин кој живее во Гвајана и бил избран по случаен избор од царинските службеници за дополнително пребарување откако пристигнал со лет од јужноамериканската земја.

    Пребарувајќи низ багажот на Скот, полицајците пронајдоа расфрлана облека и неколку пакувања со замрзнати кралски ракчиња. Откако ги отвориле спакуваните деликатеси од морска храна, откриле парчиња бел прав за кој подоцна било утврдено дека е кокаин, се наведува во судските документи. Вкупната тежина на кокаинот била 18,45 килограми.

    Кога претставниците на Министерството за домашна безбедност го уапсија Скот, тој наводно изјавил дека „знаел дека не е во ред да се донесат пакетите во Соединетите Држави“, велејќи им на инспекторите дека требало да биде платен помеѓу 5.000 и 6.000 долари за оваа шверцерска работа.

    Доколку биде прогласен за виновен, на Скот му се заканува затворска казна до 20 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img