Научникот Иван Ѓикиќ од Универзитетот Гете во Франкфурт предупреди на болничките супербактерии кои се отпорни на многу антибиотици и кои, како што рече, претставуваат зголемена опасност, укажувајќи на проблемот со прекумерната и неодговорна употреба на антибиотици.
– Денес сме свесни дека во болниците има таканаречени болнички супербактерии кои се отпорни на многу антибиотици. Тие претставуваат сѐ поголема опасност, која расте, а предвидувањата се дека од денес, кога имате приближно 700.000 смртни случаи од такви бактерии годишно, може да има десет пати повеќе или околу 7 до 10 милиони луѓе годишно. А тоа се сериозни податоци за кои мора да бидеме свесни – изјави Ѓикиќ за ХТВ.
– Во моментот кога човек ќе влезе во болница, со сите овие можни дополнителни опасности, особено во интубацијата, во респираторите, може да добиете секундарни последици. Тие можат да бидат механички по природа, да ви го оштетат респираторниот тракт, но многу често тоа е последица на влез на бактерии кои постојат во болниците покрај вирусот – додаде тој.
Со создавање на овие отпорни бактерии, копаме дупка која ќе станува се поголема и поголема
Тој истакна дека засега не знае каква е состојбата во Хрватска и колку пациенти со ковид-19 се инфицирани со супербактерии. Тој предупреди и на прекумерната и неодговорната употреба на антибиотици, не само кај луѓето, туку и кај животните.
– Со создавањето на овие отпорни бактерии, ние самите си копаме дупка која ќе биде се поголема и поголема во иднина – рече Ѓикиќ.
Тој ги повикува граѓаните да не користет антибиотици кои се стари, не се препишани, кои претходно не се тестирани за типот на бактерии што ги имаат во моментот.
Сертификатите за ковид во Хрватска се воведени предоцна
Ѓикиќ беше прашан и за можното укинување на потврдите за ковид-19 во Хрватска и дали мисли дека тие навистина го штитат хрватскиот јавен сектор и здравствениот систем во моментов.
– За жал, потврдите за ковид-19 во Хрватска беа воведени предоцна, не го добија потребниот ефект бидејќи не беа применети – рече Ѓикиќ.
– Ако сакаме сертификатите да функционираат, тогаш тие треба навистина ригорозно да се применуваат и да имаат влијание во заштитата на оние кои се во ризик, а тоа се пред се болниците и социјалните институции, а во исто време да се охрабрат оние на кои им треба тоа за секојдневна работа и животот за да се вакцинираат – додаде тој.
Ѓикиќ рече дека во овој момент е неопходно да се продолжи да се биде внимателен и дека петтиот бран сѐ уште претставува огромна опасност.
– Можете да видите дека нашата стапка на смртност е сè уште екстремно висока, околу 50 дневно, таа воопшто не е променета во последните два месеци и тоа е она што најмногу ме загрижува – рече тој.
Вирусот значително се промени
Запрашан за информациите дека „Џонсон и Џонсон“ минатата година тивко ја затвори, наводно привремено, единствената фабрика која произведува употребливи серии вакцини против ковид од таа компанија, Ѓикиќ рече дека, економски гледано, производителите гледаат на профит.
– Она што можеме да го заклучиме е, исто така, дека вирусот е значително променет, варијантата омикрон има повеќе од неколку мутации во споредба со оригиналната варијанта и сега вакцините што ни се потребни мора да се репроизведат. Старите вакцини повеќе ја немаат таа ефективност – рече Ѓикиќ кој додаде дека оние компании кои не подготвиле нови, подобри верзии на вакцината ќе го прекинат производството.
Антиваксерите и антимаскерите стануваат се погласни
Тој се осврна и на отпорот на дел од граѓаните на тестирањето на учениците, велејќи дека во Хрватска и во другите земји има помалку луѓе кои воопшто не сакаат да ги слушаат фактите, туку само да пружат отпор.
– Ваквите групи на антиваксери, антимаскери, анти-сè што постои, се сѐ погласни и тоа што го гледате во Хрватска е манифестација на тоа. Против тоа треба да се бориме само со точни податоци, соодветна комуникација и строги мерки – рече Ѓикиќ.