Од почетокот на војната, Украина ја напуштиле 1,5 милиони луѓе, вклучувајќи и многу мали деца. Некои од нив сами ја напуштаат татковината.Едно видео покажува мало момче како ја преминува границата во Полска, шетајќи пред група возрасни. Момчето е само и додека се шета плаче, а единствено што има е зимска јакна и најлонска кеса во која ги носи работите. Тој изгледа неверојатно мал на тој тротоар, шетајќи се одвоено од другите семејства кои побегнале од Украина, пишува CNN.Повеќето луѓе побегнаа во Полска, додека други заминаа во Унгарија, Словачка, Молдавија и Романија.
Фото-РОЈТЕРС