Украина сака мир и е подготвена да разговара со Русија за прифаќање на неутрален статус во однос на НАТО, изјави во петокот советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак за Ројтерс.
-„Ако е можно, треба да разговараме. Не се плашиме дури и ако Москва каже дека сака да преговара за статусот на неутралност, можеме да зборуваме и за тоа“, рече тој преку СМС.
„Нашата подготвеност за дијалог е дел од нашата истрајност за постигнување мир“.