Во канадскиот град Торонто вчера беше соборен температурен рекорд поставен пред 78 години.
Во соопштението на канадската метеоролошка служба се наведува дека мерењата на аеродромот Пирсон во Торонто забележале температура на воздухот од 32,1 Целзиусови степени.
Се наведува дека температурата надминала 31,1 степени Целзиусови, што е забележано како „рекорд“ за овој период од годината од 1944 година.
Констатирано е дека температурата од 32,1 Целзиусов степен се чувствува како 36 Целзиусови степени со влажност, а упатен е и повик до граѓаните да не се директно изложени на сонце.
Тие препорачаа консумирање многу вода, предупредувајќи дека екстремната топлина може да биде ризик, особено за постарите, бебињата, децата и лицата со хронични заболувања