More

    Се бараат оставки од Мицкоски, Милошоски и Јанушев

    spot_img

    СДСМ денеска побара оставки  од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од пратеникот  Антонио Милошоски и членот на Централниот комитет на партијата,  Игор Јанушев, откако на вчерашното судско рочиште  за случајот „Титаник“, поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, признаа вина.

    – Ова јавно признание на луѓе од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ значи само едно – ВМРО-ДПМНЕ со години ја газеле волјата на граѓаните а сите изборни циклуси во нивна организација биле нелегитимни. Се потврди дека се она што го говоревме, за личните карти во Центар со граѓани од Пустец, за злоупотреби на избирачкиот список, за секоја друга форма на изборно насилство – било точно.Јавно признание од главните соработници на Груевски, патронот на Мицкоски за злосторничко здружување, изборни измами, поткуп при гласање, уништување на избирачки материјал или со еден збор, криминализација на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ е потсетник дека не смееме никогаш повеќе да ни се повтори оваа партија на власт – рече на денешната прес-конференција Костадин Ацевски, член на Извршен одбор на СДСМ.

    Според СДСМ, по поризнавањето на вината на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, сега проблем  е што во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  има лица за кои има повеќе обвиненија. Партијата бара тие да дадат оставка.

    – Таков е Антонио Милошоски, кој е член и на Извршниот комитет, таков е Игор Јанушев.  Поголем проблем е што останатите инволвирани во овој случај  не ја признаваат вината а очигледно е дека се длабоко инкриминирани. Како Илија Димовски кој секојдневно настапува во име на партијата.Христијан Мицкоски, кој беше советник на Груевски и негов генерален секретар треба да излезе пред граѓаните и јавно да им се извини – рече Авевски.

    Тој бара и сите други кои се на било кој начин се поврзани со овие веќе осудени лица кои сами признаваат вина да дадат оставки.

    -Го повикуваме Христијан Мицкоски, заедно со раководството да си поднесат оставки и да се повлечат. Второ, по вчерашните признанија, ги повикуваме сите останати од овој случај но и другите осудени во други случаи да понесат одговорност и признаат вина како нивните колеги. Тоа е добро за демократијата, за партијата и конечно за граѓаните. Трето, итно да прекинат со притисоци врз судството кои постојано ги прават со цел се спасат од прогон или ги намалат казните. Четврто, се додека ВМРО-ДПМНЕ вистински не се реформира ќе остане истата партија која ја киднапираше државата – рече Ацевски.

    Тој апелираше да се спроведе брза и ефикасна истрага за сите случаи од поранешните политичари без разлика дали станува збор за оние од власта или опозицијата.

    – Правдата мора конечно да надвладее, случаевите ефикасно и брзо да се процесоираат бидејќи само така ќе имаме одговорни политичари и систем кој функционира – рече Ацевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img