Полицијата вчера во периодот од 12 до 15 часот запре и исклучи од сообраќај 11 возила со кои се превезуваат деца на училиште.
Како што соопшти полицијата, во акцијата биле исконтролирани 249 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 102 локации.
– При тоа биле констатирани 8 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна документација, и 48 прекршоци, од кои 29 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 16 од Законот за возила, 3 од Законот за заштита на населението од заразни болести и сл. Во станица за технички преглед биле упатени 41 возило, а од сообраќај биле исклучени 11 возила кои вршат јавен превоз поради техничка неисправност и други констатирани недоследност – информираат од полицијата.
За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 277 полнолетни средношколци, а извршени се 2.211 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик.
По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.