, денот кога Русија го слави Денот на победата над нацистичка Германија, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Во исто време, британското Министерство за одбрана во својот последен извештај наведува дека борбените сили на Украина извршиле напади врз цели со висока вредност во областите кои моментално ги држат Русите.
Според Министерството, некои од целите вклучуваат летало и складишта за муниција во Бердјанск, пристанишен град на југоисток.
Исто така, се истакнува дека Украина продолжила со ракетирање на логистичките средства во областите под контрола на Русија, и дека тоа значи дека руската војска ќе мора да размислува за одбрана на синџирот на снабдување.