More

    Русија го оправдува лансирањето на ракетата на Ким: САД го тестираат трпението на Пјонгјанг

    spot_img

    Руските власти ги обвинија САД дека „го тестираат трпението“ на Северна Кореја, откако утрово Пјонгјанг истрела интерконтинентална балистичка ракета која падна во водите на Јапонија.Москва остана „верна на дипломатско решение“ на спорот за Корејскиот полуостров, додека „САД и нивните сојузници во регионот претпочитаат поинаков пат, како да го тестираат трпението на Пјонгјанг“, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

    -„Со загриженост ја следиме ситуацијата“, рече Рјабков, пренесе РИА Новости.

    Американскиот потпретседател Камала Харис денеска во Бангкок ќе разговара со лидерите на Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд и Канада за лансирањето на севернокорејската ракета.

    Средбата ќе се одржи на маргините на самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

    САД, Јужна Кореја и Јапонија ги интензивираа заедничките воени маневри во последните месеци наспроти заканите од Северна Кореја, која ги гледа овие вежби како генерална проба за инвазија на нејзина територија или промена на власта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img