More

    Реисот Фетаху повика верниците рационално да ја трошат струјата

    spot_img

    Министерот за економија Крешник Бектеши бара помош и од верските заедници за поттикнување на граѓаните да штедат струја за да се обезбедат вишоци кои ќе им се дадат на компаниите.

    Бектеши денеска имаше средба со поглаварот на Исламската верска заедница реисот Шаќир Фетаху, а во наредните денови очекува да се сретне и со археписокопот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

    Поглаварот на ИВЗ по средбата изјави дека ИВЗ и досега штедела енергија бидејќи како што рече дека потрошената енергија се финансира од донации на верниците, но ќе ги повика и граѓаните да штедат струја.

    -Ние и досега рационално ја користиме енергијата и мислам дека ќе помагаме за излез од кризата и за малку трошење на пари од буџетите на нашите семејства за струјата со тоа што ќе апелираме тоа да го направат и граѓаните. Ние треба да бидеме свесни дека треба да придонесеме да се надмине кризата. Ќе преземеме мерки за рационализирање на енергијата. Имаме повеќе од 700 џамии и над 200 вработени и на средбите со верниците ќе зборуваме  на средбите со верниците за рационализација на потрошувачката на струја. Ние имаме и верска обврска да внимаваме како ИВЗ бидејќи трошењето е грев во нашата вера  – рече Фетаху.

    Фетаху најави дека во активноста ќе бидат вклучени сите вработени во ИВЗ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img