Претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната од 5 до 12 степени.Во Скопје, сончево и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.Во следните три дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата.