More

    Повратник од Германија среќен со минималецот

    spot_img

    Повратник од Германија со пофални зборви за новата влада и покачениот минималец. Како што изјави Полику Авдиу, кој живеел 18 години во Германија и се вратил, ни Германија не е повеќе тоа што беше па подобро му е тука со 18.000 денари отколку во туѓина со повеќе пари.

    Авдиу во своето обраќање им посака успешна работа на премиерот Димитар Ковачевски и на министерката за социјални работи Јована Тренчевска, кои денеска ја посетија текстилната компанија „Текстил Солушн“ во Скопје.

    Компанијата „Текстил Солушн“ се занимава со производство на специјален тип на заштитна облека, наменет исклучиво за извоз на европскиот пазара, има вкупно 80 вработени, а дел од нив земаат минимална плата.

    Авдиу, кој работи како шивач 8 години во оваа компанија, нагласи дека бидејќи работел и во Германија претходно, од каде се вратил за да живее и работи дома, може да направи споредба и оцени дека условите за работа постојано се подобруваат, како во однос на унапредување на технологијата на машините, така и во насока на зголемување на платата, со што се подобрува куповната моќ и стандардот за живеење.

    – Сега 18.000 денари мислам дека не е многу ама за еден скромен живот ќе се онади. Мислам дека и понатаму ќе растат платите, ако работиме повеќе, директорите ни носат нови и нови машини и продуктивноста ќе расте – рече Авдиу.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img