More

    При крај е постапката за избор на фирма изведувач

    spot_img

    Сите влади од регионот остануваат посветени на изградба и обнова на железничките коридори, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пред првиот состанок на мрежата на компании за железничка инфраструктура од Западен Балкан, што во организација на Секретаријатот на транспортната заедница, се одржува денеска во Скопје.

    На првата средба на директорите на железничките претпријатија за железничка инфраструктура од регионот се разговара  за поврзувањето и за идните планови во делот на железничката инфраструктура.

    – Сметам дека ова е многу значајна година посебно за земјава, но и за целиот регион бидејќи даваме максимални напори и при крај сме со избор на компании коишто ќе започнат со градба на источниот крак на Коридор 8, инвестиција со вредност од некаде 200 милиони евра и е многу значајно за поврзувањето, за ефикасноста во делот на транспортот, за отворање нови можности помеѓу Македонија и Бугарија, но и за целиот регион, а секако и продолжувањето на сите останати прашања во делот на изградбата на третата делница од оваа железничка пруга и секако западниот крак од наша страна и сите прашања коишто се отворени за Албанија и Бугарија во делот на железниците – изјави Бочварски.

    Ова, рече тој, е многу значајно за ефикасноста во овој транспорт, за зелената агенда којашто ја имаме и ние како Влада, но и сите влади од регионот.

    – Мора да дадеме до знаење дека ова се големи проекти коишто бараат многу време за проектирање и градба. Но, драго ми е што сите влади од регионот остануваат посветени на изградба и реконструкција и рехабилитација на железничките коридори -рече тој.

    Според него, и покрај тековните кризи, здравствена и енергетска, има подготвеност и тимови кои ќе работат на изградбата на коридорите.

    – Се наоѓаме во големи кризи и здравствена  и енергетска, но активно работиме сите постапки да земат замав.  Токму поради тоа и оваа конференција денеска го дава одговорот на ова прашање дека имаме подготвеност, тимови, луѓе коишто работат на изградбата на овие коридори коишто се согласувам дека досега требало да бидат изградени, Подготвени сме кон Бугарија да изградиме 36 тунели и преку 80 мостови за оваа пруга да стане функционална и тоа ќе го направиме без задршка заради тоа што е иднината на регионот – да се поврземе со сите наши соседи. Само како вкупна сума на чинење источниот и западниот крак се во вредност од преку 1,1 милијарда евра инвестиција во делот на Коридорот 8 и тоа сме подготвени да го направиме паралелно со рехабилитациите коишто следуваат на постоечките железнички пруги. Но, работа имаат и останатите земји и Бугарија и Албанија за да се поврзат со нашата земја да биде овој комплетен Коридор за поврзување Исток – Запад –  рече Бочварски. 

    Работите на првите две делници од пругата кон Бугарија се очекува да започнат напролет, а да бидат завршени во рок од 36 месеци, додека рокот за третата делница е 48 месеци.

    – Очекуваме да почне да се гради 2023 година и секако целиот комплекс на Исток и Запад поврзување на железничката пруга и во Албанија и во Бугарија и во РСМ треба да заврши до 2030 година согласно Меморандумот којшто го потпишавме во Софија министрите за транспорт кон крајот на минатата година –  наведе Бочварски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img