More

    Петличковски: Зголемување на нови случаи меѓу децата од 6 до 14 години, главно меѓу оние кои ја следат наставата со физичко присуство, но дека нема простор за загриженост

    spot_img

    Се забалежува подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не значи и дека е добра. Препораката е граѓаните да примат трета доза вакцина, зашто тоа е најдобриот начин за заштита од тешки симптоми, хоспитализација и смрт, рече денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски.

    По редовната седница на Комисијата, Петличковски истакна дека има зголемување на нови случаи меѓу децата од 6 до 14 години, главно меѓу оние кои ја следат наставата со физичко присуство, но дека нема простор за загриженост.

    – Апелираме буквално да се следат протоколите за настава со физичко пристуство, а учениците и родителите да го прифаќаат тестирањето – подвлече Петличковски, соопштувајќи дека се отвораат дополнителни три пунктови за тестирање во Скопје – во Ѓорче Петров, Идадија и на Битпазар.

    На овие пунктови тестирањата ќе може да се закажуваат од матичен лекар, а во со однос на смртноста, Петличковски информираше дека најголем дел од починатите се невакцинирани, нецелосно вакцинирани или вакцинирани со две дози пред повеќе од шест месеци.

    – Граѓаните да примат трета доза, зашто такви нема меѓу починатите, а хоспитализирани се многу малку. Третата доза штити најмногу од хоспитализација и од смрт. Гледаме деновиве шарлатански, нестручни дебати, но ова се податоците кои се проверливи и најсилни – вакцинацијата со трета доза е најдобра  заштита – потенцира претседателот на Комисијата.

    Според Петличковски, првите резултати од серолошкиот скрининг во Скопје се очекуваат во почетокот на идната недела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img