More

    Михаел Рот се сретна со државниот врв

    spot_img

    Пратеникот од германскиот Бундестаг воедно и претседател на тамошната Комисија за надворешна политика Михаел Рот, пред денешните средби со државниот врв и во Парламентот во Скопје на Твитер напиша дека доаѓа во предизвикувачко и фрустрирачко време за Македонците, но оти нема да чекориме сами.

    Патем, напиша тој, македонскиот е јазик во Европа на културни различности!

    „Добро утро, Скопје! Добро е да се вратиш во предизвикувачки, фрустрирачки времиња за Македонците! Но вие никогаш нема да чекорите сами… Надежта е клучот! И патем: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности“, напиша Рот.

    Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.

    Гостинот треба да се сретне со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    Претходно Рот беше примен и од претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а имаше средба и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.

    На средба со Пендаровски

    Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг.

    На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, кои се карактеризираат со пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување и интензивен политички дијалог, соопшти Кабинетот на претседателот.

    „Претседателот Пендаровски истакна дека Германија која е движечка сила на Европската Унија во Западен Балкан е еден од нашите најблиски сојузници и најсигурни партнери во изминатите 30 години и изрази благодарност што евроинтеграцијата на Република Северна Македонија е висок приоритет на надворешно-политичката агенда на германската влада предводена од канцеларот Шолц. На средбата се разговараше и за отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија при што беше посочено дека тие се од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и во справувањето со влијанијата на руската агресија во Украина. Соговорниците разменија мислења и информации за германската намера за заживување на Берлинскиот процес во втората половина на 2022 година, при што претседателот Пендаровски нагласи дека Берлинскиот процес не треба да се третира како замена за процесот на пристапување во ЕУ и додаде дека за Република Северна Македонија нема друга алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img