Заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, го предупреди Израел дека ќе ги уништи односите со Москва доколку испрати оружје во Украина.
Медведев, поранешниот руски претседател и премиер, на мрежата Телеграм рече дека Израел „се чини дека се подготвува да му достави оружје на режимот во Киев“, што тој го опиша како „многу непромислен потег“, обвинувајќи ја Украина дека ги слави „нацистичките херои“. .
„Доколку тие се снабдени со оружје, тогаш е време Израел да изјави дека (Степан) Бандера и Роман (Шукевич) се нивните херои“, напиша Медведев за украинските ултранационалистички лидери од Втората светска војна.
Израелскиот министер за дијаспора Нахман Шаи вчера на Твитер објави дека со оглед на тоа што Техеран и доставува балистички ракети на Русија за да ги користи во војната во Украина, „повеќе нема никакво сомневање каде Израел треба да стои во овој крвав конфликт“.
„Дојде време Украина да добие воена помош, токму таква што ја обезбедуваат САД и земјите од НАТО“, напиша израелскиот министер.
Русија утрово изврши серија напади врз украинските градови, меѓу кои и Киев, јавија израелските медиуми. Украинските власти соопштија дека стотици градови се без струја поради руските напади со беспилотни летала од Иран.
Техеран постојано негираше дека ѝ доставил на Москва оружје што треба да се користи во Украина, додека американските медиуми вчера објавија дека Иран тајно се согласил да ја зголеми испораката на оружје за Русија, вклучувајќи беспилотни летала и балистички ракети, јавуваат израелските медиуми.