Денеска (09.02.2022) во 09.55 часот на ул.„Трета македонска” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.П.(52) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје 1 Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
Денеска (09.02.2022) во 09.30 часот на ул.„23 Октомври” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Џ.И.(20) од Република Србија, а со живеалиште во с.Јурумлери, скопско. Таа била барана по централна потерница од Основен суд Скопје 1 Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
На 08.02.2022, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(21) од Скопје. За него била распишана Централна потерница, по издадена судска наредба за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 08.02.2022 во 14.55 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.Б.(35) од с.Арачиново, кој се барал по судска наредба за издржување казна затвор во траење од три години и се барал по уште четири потерници. Тој бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
На 08.02.2022 во 12.05 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.Ј.(33) од Скопје, кој се барал по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казна затвор. Тој бил спроведен до установата за издржување на казната.
На 08.02.2022 околу 13.00 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 29-годишниот Б.Ф. од тетовско Теарце за издржување на затворска казна. По приведувањето тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.
На 08.02.2022 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Д.(20) од Велес поради постоење основи на сомнение дека во текот на месец декември извршил 8 (осум) кражби во угостителски и деловни објекти во Куманово, при што одзел пари и други предмети. Тој ги признал извршените кривични дела и бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.02.2022 околу 16.50 часот на ул.„106“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово со судска наредба го привеле 20-годишниот тетовец Л.Р. за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“, каде што подоцна бил и спроведен.
Денеска (09.02.2022) околу 04.45 часот на крстосница на улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 29-годишниот тетовец М.Ј., затоа што при негов и преглед на возилото „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал, бил пронајден кокаин. М.Ј. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок.
На 09.02.2022 во 01.35 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Ѓ.(22) и С.Е.(26), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана, таблети и тврда кафеава материја. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.02.2022 во 19.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.02.2022 во 15.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода Скопје го лишиле од слобода М.М.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.02.2022 во 21.55 часот на Граничен премин Долно Блаце, од страна на полициски службеници, поради пречекорен престој во Република Северна Македонија, бил приведен Б.Р.(21) од Црна Гора. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за странци за понатамошна постапка.
На 08.02.2022 во периодот од 11.00 до 13.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници, најмногу на автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и санкционирани 5 возила (ГВ) со неисправни сопирачки и 8 возила (ТЕ-4 и ГВ-4) кои не поседувале соодветна документација. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци по Законот за возила, а поднесоци ќе следат и против возачите и фирмите кои вршеле јавен превоз без документација согласно член 284-А од Кривичниот законик. Во контролата биле санкционирани и 4 други прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-3), кои биле сторени од возила вклучени во јавен превоз, како и 5 други видови прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-3).
На 08.02.2022 во периодот од 11.00 до 16.00 часот на територијата на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците. Притоа, биле откриени и санкционирани 30 пешаци (Охрид-14, Струга-11, Кичево-04, Дебар-01) кои поминале коловоз вон пешачки премин. Полициските службеници во Струга упатиле еден автобус на вондреден технички преглед, при што биле констатирани технички неисправности на уредот за сопирање.
На 08.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 13 прекршоци, од кои 10 во населено место и 3 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 11.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. Од извршената контрола биле констатирани 12 прекршоци. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци. Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за непрописно престигнување, 2 за непочитување првенство на минување на пешаци и 6 за непрописно паркирање.
На 08.02.2022 во 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(68) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 08.02.2022 во периодот од 11.00 до 16.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци. Притоа, биле констатирани 5 прекршоци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
На 09.02.2022 во периодот од 11.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги чинат пешаците. Притоа, биле констатирани и санкционирани 16 прекршоци.