More

    Изгледа дека храната не е „најфиниот“ момент на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година

    spot_img

    Изгледа дека храната не е „најфиниот“ момент на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Руската биатлонка Валерија Васњецова објави фотографија од оброкот што го добива за „појадок, ручек и вечера веќе пет дена“ во еден од хотелите за карантин во Пекинг, пишува Си-Би-Ес.

    Чинијата на Васњецова се состоеше од тестенини, компири, црвен сос кој не се разликува и обично пилешко со повеќе коски одошто месо. На чинијата ѝ недостигаше зеленило и, според Васњецова, јадење.

     

     

    Русинката рече дека може да јаде само три грста тестенини дневно „бидејќи едноставно е невозможно да се изеде остатокот од храната“, поради што „спијам цел ден бидејќи немам сила ни да станам од креветот“. Таа додаде дека нејзините „коски штрчат“ од губењето „многу килограми“.

    „Стомакот ме боли, многу сум бледа и имам огромни црни кругови околу очите“, напиша Васњецова во оттогаш избришаната објава на Инстаграм од 3 февруари.

    „Сакам сето ова да заврши. Плачам секој ден. Многу сум уморна“, допишала таа.

    Храната на хотелите во карантин, тврди Васњецова, е особено лоша за спортистите.

    „Искрено не ми е јасно, зошто постои ваков однос кон нас, спортистите?!“, се лути Васњецова.

    Се чинеше дека некој одговорен ги слушнал поплаките на Васњецова, па таа конечно добила подобар оброк – лосос, краставици, колбаси и јогурт, а наскоро ќе добие стационарен велосипед.

    Но, Васњецова не е единствената олимпијка која се жали. Финскиот селектор за хокеј на мраз, Јука Јалонен, рече дека еден од неговите играчи кој престојувал во хотел во карантин, Марко Антила, „не добива добра храна“. Шефот на германскиот тим Дирк Шимелпфениг отиде уште подалеку, нарекувајќи ги условите за живеење во хотелите „неразумни“ и барајќи дополнителна испорака на храна за спортистите.

    Со оглед на тоа што Зимските олимписки игри во Пекинг треба да завршат на 20 февруари, има помалку од две недели да се поправи ситуацијата со храната на спортистите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img