Индонезија можеби ги игнорирала обидите да се спречи учество на Русија на состаноци на Г20, доколку ги имало, смета рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Не ми е познато дали имало обиди да се блокира присуството на Русија на состаноци на Г20 – изјави Лавров.
Тој ја даде изјавата по состанокот со виетнамскиот колега, Буи Тхан Сон, во Ханој, јави Тасс.
– Од Индонезија имаме покана да присуствуваме на два состаноци на министрите за надворешни работи на Г20 утре на Бали, а некаде во ноември и за Самитот на Г20. Доколку имало такви обиди, индонезиските власти можеби ги игнорирале – појасни министерот.
Состанокот на Г20 ќе има свој дневен ред, како што тврди Лавров, Русија ќе се држи до тој дневен ред и ќе „држи низа билатерални состаноци.
Министрите за надворешни работи на Г20 ќе се соберат на Бали од 7 до 8 јули, наведува агенцијата Тасс.