Неверојатна работа на спасувачите во Норвешка, кои со хеликоптер на сајла успеаја да ги кренат возачите на еден камион и на еден автомобил кои заглавиле на дрвен мост кој се урнал додека возеле. Автомобилот, мерцедес џип, заглавил во долните даски речиси целосно влезен брзата река, а камионот се тетарави во горниот дел од рушевините меѓу дрвените греди. И двајцата возачи не се повредени.
Мостот долг 148 метри последен пат бил проверуван лани од инспекциските служби. Норвешката управа за јавни патишта побара да се изврши независна истрага за случајот.