Том Круз реши да прифати нова ризична „мисија“ на снимањето на уште едно продолжение на „Невозможна мисија“ наречено „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One“.Имено, Круз на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како акционата ѕвезда и неговиот тим се подготвуваат за трик, каде актерот познат по тоа што и самиот снима опасни сцени, со мотор скока од карпа, а потоа отвора падобран. Некои би рекле: Обичен ден на работа!
„Ова е убедливо најопасното нешто што сме го пробале“, изјави Круз, цитиран од Вараџети.
„Dead Reckoning“ е седмиот дел од франшизата за шпионски трилер, во кој Круз го игра Итан Хант, специјален агент на Невозможната мисија.
Покрај Круз, во новото продолжение своите улоги во новиот „Невозможна мисија“ ги репризираат и Винг Рејмс, Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Анри Серни, Ванеса Кирби и Фредерик Шмит. Меѓу другите улоги се: Хејли Атвел, Пом Клементиеф, Кери Елвис, Роб Дилејни, Индира Варма, Шеа Вигам, Марк Гатис, Есаи Моралес и Чарлс Парнел.
Споменатата сцена е во 6.30 минути од видеото: