More

    ДВЕ ПЛАЖИ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПРИСТАПНИ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

    spot_img
    Со поставување на специјални рампи со платформа на плажите „Љубаништа“ и „Горица 3“ за прв пат се обезбедија услови за соодветен пристап до Охридското Езеро за лицата со посебни потреби.
    Специјалните рампи, Општина Охрид ги обезбеди преку донација од здружението „СОС Балканмедиа“. Покрај рампите со платформа, на двете плажи поставени се и специјални тоалети, а достапни за користење се и електрични инвалидски колички.
    Охрид е првиот туристички центар во Македонија кој обезбедува услови за рекреација и одмор за оваа категорија граѓани и им овозможува непречен пристап за капење во езерската вода.Авто камп „Љубаниште“ е единстевниот туристички комплекс на во Макеоднија, кој има обебедена целосна инфраструктура за лица со посебни потреби.
    Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека Локалната самоуправа континуирано работи на проекти за овозможување на подобри услови за живеење на сите граѓани, а особено на подобрување на условите за инклузија на лицата со посебни потреби. Тој упати повик до сите хотели и сместувачки капацитети на охридското крајбрежје да го следат овој пример и да постават специјални рампи на плажите пред објектите со кои стопанисуваат.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img