Рускиот гасен концерн Газпром во понеделникот соопшти дека редовно доставува гас за европските клиенти преку украинска територија.
-„Гаспром испорачува гас преку Украина на редовна основа, во согласност со барањата на потрошувачите“, се вели во соопштението на компанијата.
Само денеска се очекува Гаспром и Русија да испорачаат 104,7 милиони кубни метри гас до европските клиенти преку Украина.
Договорните обврски на Гаспром за транзит преку Украина до Европа во 2022 година изнесуваат 40 милијарди кубни метри или околу 110 милиони кубни метри дневно.