Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, која локално ќе биде со услови за појава на краткотрајно невреме, град и силен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.
Во следните денови претстои период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена.
И покрај топлото време поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.
Денеска е петок, 1 јули 2022 година, 177-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 188 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути.
Денов трае 15 часа и 12 минути.
Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 6 часот и 43 минути, а ќе зајде во 22 часот и 16 минути.