More

    Блинкен е изненаден од аферата иако бил генерален директор на Пен Бајден Центарот

    spot_img

    Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека немал сознанија за никакви доверливи документи. Тој го изјави ова откако во центарот Пен Бајден беа откриени некои доверливи документи од времето кога актуелниот американски претседател Џо Бајден беше потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама.

    Блинкен беше генерален директор на Пен Бајден Центарот за дипломатија и глобален ангажман, кој беше поврзан со Универзитетот во Пенсилванија, но беше со седиште во Вашингтон.

    – Исто како што слушнавте од претседателот Бајден пред една недела, бев изненаден кога дознав дека во Центарот Пен Бајден се присутни какви било владини документи. Не знаев за тоа во тоа време – рече Блинкен на прашањето на новинарите за документите, додавајќи дека целосно ќе соработува со истрагата на Министерството за правда.

    Белата куќа синоќа соопшти дека ќе дејствува со „добра волја” во врска со истрагите на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом за несоодветното чување на доверливите документи во домот и канцеларијата во невладиниот тинк-тенк на претседателот Џо Бајден.

    Советник на претседателот за време на викендот изјави дека уште пет доверливи страници биле пронајдени во домот на претседателот во градпт Вилмингтон, во сојузната држава Делавер, и потврдил дека тие веднаш биле предадени на Министерството за правда.

    Соработниците на претседателот претходно пронајдоа нов куп доверливи документи во неговата резиденција и во тинк-тенкот во Вашингтон каде што имаше канцеларија додека беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

    Јавниот обвинител Мерик Гарланд назначи специјален истражител за случајот.

    Портпаролот на Белата куќа, Иан Самс, изјави дека редовното јавно обелоденување на детали за случајот во време на истрагата на Министерството за правда претставува ризик информациите, кои повремено се објавуваат, да бидат нецелосни.

    -Разбираме дека постои тензија помеѓу потребата за соработка во тековната истрага на Министерството за правда и легитимните барања за дополнителни информации од јавен карактер, така што се обидуваме да го најдеме балансот – рече Самс.

    Портпаролот откри дека Белата куќа примила „неколку писма” од Надзорната комисија на Претставничкиот дом за овој случај, ги разгледува и ќе одлучи за нејзиниот одговор во наредниот период.

    Министерството за правда одделно го истражува откривањето на високо чувствителни доверливи документи кои поранешниот претседател Доналд Трамп ги чувал во неговото одморалиште на Флорида откако ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година.

    Самс ги критикуваше републиканците за различните реакции на најавите за Трамп и Бајден.

    -Тоа се истите републиканци кои не се огласија за начинот на кој Трамп ракувал со доверливите материјали. А, ако навистина и се јавија, тогаш тие често го бранеа тоа – додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img