Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно се венчаа вчера на раскошна церемонија на имотот Рајсборо во Џорџија, САД, на која присуствуваа нивните најблиски пријатели и семејството.
На сите гости им било наложено да носат бело, а Лопез носела венчаница на Ралф Лорен.
Поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер ја одби поканата за венчавката, но на церемонијата присуствувале нивните деца, како и близнаците Ема и Макс, кои Џенифер ги доби во бракот со Марк Ентони.
На венчавката присуствувале неколку големи холивудски имиња како Џорџ Клуни, Џејн Фонда, Мет Дејмон, Рене Зелвегер и Џими Кимел.
Џенифер објави дека се омажила за Афлек, нејзината долгогодишна љубов, еден ден по венчавката во Вегас, која се одржа на 16. јули.
„Го направивме тоа. Љубовта е убава. Љубовта е љубезна. И излегува дека љубовта е трпелива. Дваесет години трпение“, напишала Лопез.
Бен и Џенифер се запознале во 2001. година на снимањето на филмот Gigli. Следната година се верија, а по извесно време одложување на венчавката, се разделија во 2004. година. Афлекпотоа стапи во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца, а Џенифер беше во брак со Марк Ентони, со кого има близнаци.
Џенифер и Афлек ја обновија својата романса минатата година.