За време на археолошките истражувања на тврдината Дијарбакир во Турција, која во 2015 година беше вклучена во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО, пронајдена е амфора стара околу 1.700 години.
Како што јавува Анадолија, во тек се истраги на просторот на тврдината во Сур, која е колевка на повеќе цивилизации, а кои се вршат под надзор на стручни лица од Научната комисија при Министерството за култура и туризам и градот Дијарбекир.
Истражувањето се спроведува две години и досега се завршени две фази, додека другите се во тек.
Покрај амфората, која не е многу вообичаена за околината, пронајдени се и други предмети.