Американските власти велат дека главниот град на Украина Киев би можел да падне во рок од 96 часа, а раководството на земјата би можело да падне во следната недела.Како што анонимно изјавија за „Њузвик“, целта на Москва е да ја принуди Украина да се предаде или да ги уништи.
„Откако ќе завршат првичните напади и ќе започне копнената војна, Киев ќе падне за неколку дена“, рече еден функционер кој имал искуство со Русија.
„Војската би можела да издржи малку подолго, но не премногу долго“, додаде тој.
Тој, исто така, смета дека следните чекори ќе зависат многу од волјата на Бајден да и помогне на Украина и да продолжи со „провокациите кон Русија“. Извор близок до владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласува со тврдењето дека Киев може да падне толку брзо, но не мисли дека владата брзо ќе падне.
„Прерано е да се каже, мислам дека Украина се справува со оваа ситуација подобро од очекуваното“, рече тој.
„Мое лично мислење е дека ова е реална можност. Сепак, мислам дека првите 24 часа се најкритични“, додаде еден функционер на НАТО, пренесува Вечерњи лист.