Зошто во Србија е повлечена серијата лекови „рудакол“?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија (АЛИМС) соопшти дека се повлечени од оптек серија лекови „рудакол“ кои се користат за лекување на симптоми на иритабилни црева, објави српски Блиц.

Во известувањето се наведува дека претставништвото на компанијата доброволно ја повлекува од промет серијата лекови „рудакол“, капсули со продолжено ослободување, 30 по 200 милиграми во едно пакување.

„Лекот се повлекува од превентивни причини. Наведената серија се повлекува поради неисправност во квалитетот на лекот. Не се идентификувани потенцијални безбедносни ризици поврзани со таа неисправност. Сите приматели се должни да ги извлечат преостанатите количини од горенаведените серии на лекови и да ги вратат на добавувачот“, се наведува во соопштението на АЛИМС.

Датумот на истекување на серијата на лекот што се повлекува е април 2025 година, а првата дистрибуција беше на 26 јули 2022 година.

Како што е наведено во упатствата за лекот, „рудакол“ се користи за лекување на симптоми на синдром на нервозни црева (SIC) и слични проблеми.

Лекот е достапен и во аптеките во Македонија.

Share This Article