More

    Жителите на Луксембург имаат највисока куповна моќ во ЕУ

    spot_img

    Луксембург и Ирска лани  беа на чело на ЕУ во однос на домашниот бруто производ (БДП) по глава на жител, изразен со стандардот на куповната моќ, додека Бугарија е последна, а Грција и Латвија се малку подобри, покажуваат податоците на Евростат.

    Според овие податоци, БДП на Луксембург по жител, изразен во однос на куповната моќ, бил за околу 140% повисок од минатогодишниот просек на ЕУ.

    Ирска имаше ниво од 112% над просекот на ЕУ, што е далеку пред Холандија (30%), Данска (28) и Австрија (23).

    На дното на табелата е Бугарија во која БДП по глава на жител е 36% под просекот на ЕУ. Пред неа се Грција (-33 отсто) и Латвија (-29).

    Евростат ја објаснува непроменетата позиција на Луксембург на врвот на листата на земји од ЕУ со големото учество на странската работна сила, која учествува во создавањето на домашниот бруто производ, но овие работници не се вклучени во резидентното население, кое се користи за пресметување на БДП по жител.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img