More

    Македонија2025 отвори повик за доделување стипендии за четвртиот по ред Охрид камп за високотехнолошка извонредност, предвиден да се одржи од 7-13 јули 2024 година во Охрид

    spot_img

    Македонија2025 отвори повик за доделување стипендии за четвртиот по ред Охрид камп за високотехнолошка извонредност, предвиден да се одржи од 7-13 јули 2024 година во Охрид.

    Кампот за високо-технолошка извонредност е еднонеделна програма за напредни вештини по роботика и кодирање, кој и овој пат ќе содржи комбининација на традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика.

    – Преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, чувство на акција, размислување out-of-the-box и тимска работа ќе ги охрабриме и поттикнеме учесниците да постигнат мотивирачки резултати и да креираат прототип на производ/идеја. Предизвиците кои ќе бидат поставени пред учесниците се во корелација и решаваат проблеми поврзани со Целите за одржлив развој на Обединетите нации. Оваа година (2023 – 2024), темата на FIRST® LEGO® Лигата, Натпреварот за едукативна роботика е креативниот спој на уметноста и технологијата во процесот на создавање ремек дело (MASTERPIECE предизвик), преку изнаоѓање уникатни решенија за реалниот живот. Дополнително, во време на доминација на технологијата, ќе се обидеме да ја подобриме сајбер писменоста преку промовирање на свеста и разбирање за важноста на сајбер-безбедноста и сајбер-булингот кај децата и зајакнување на нивното знаење како да се заштитат себеси – велат од Македонија2025.

    Убавината на овој проект е дадената можност да се запознаат и соберат млади луѓе со македонско потекло и млади од земјава, да воспостават долготрајни пријателства, да ја зајакнат и да ја градат својата родна македонска култура, преку подобрување на нивното познавање на јазикот, истражување на природата и културното наследство и доживување на македонската кујна и специјалитети.

    – Особено сме среќни што изминативе години успеавме да имаме учесници од САД, Канада, Словенија, Хрватска, Германија, Катар, Австрија, Данска, Кипар и др., но искрено се надеваме дека ќе успееме да привлечеме и учесници од другите земји од светот – додаваат од Македонија2025.

    Кој може да аплицира?

    – Деца кои се на возраст од 11-15 години, заинтересирани за стекнување и надоградување на знаењата и вештините и секако имаат желба и интерес да учат програмирање, кодирање и роботика;

    – Македонија2025 оваа година им дава можност на дел од пријавените деца да учествуваат и учат програмирање со доделување на целосни стипендии, врз основа на нивниот социо-економски статус;

    – Еднонеделната авантура е за сите деца од Македонија, како и за деца од дијаспората со македонско потекло;

    – Ќе се комуницира на англиски и на македонски јазик со цел да се поттикне комуникацијата и социјализацијата помеѓу учесници од различни држави, учење на различни култури, размена на идеи и градење на интернационални пријателства, ќе ја усоврши примената и на двата јазика;

    – Кандидатите треба да имаат основно познавање на програмирање, кодирање и роботика.

    Повеќе за Кампот, начинот на аплицирање и потребна документација: https://macedonia2025.com/open-call-for-scholarships/

    Апликациите се поднесуваат на Платформата Е-scholarship:https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/15

    На следниот линк можете да ги осознаете импресиите на нашите поранешни учесници:  https://www.youtube.com/watch?v=ELahdUgnuxM&list=PLj9OcPCGo_tBSrRg05cZfd3AsQDPU-7VF&index=5&t=144s

    Во изминативе години, Охрид камп за високотехнолошка извонредност беше под покровителство на претседателот на РСМ Стево Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img